Јувентус официјално го реализира трансферот на Франциско Мартин Баридо од Бока Јуниорс потпишувајќи договор до јуни 2026 година. Баридо наполни 16 години во јануари, а сега оди директно во академијата на Јувентус каде што ќе се доразвива како фудбалер.
Репрезентативецот на Аргентина до 15 години игра како офанзивен играч за врска, посилна му е левата нога.
Во Аргентина го нарекуваат „новиот Дибала“ поради сличностите со неговиот сонародник, а претходно Барселона се интересирала за него, сепак, играчот го одбрал Јувентус. „Старата дама“ лесно успеала да го договори со оглед на тоа дека неговите родители веќе работат во Италија.
Јувентус исто така договори уште еден фудбалер од Јужна Америка, Педро Фелипе де Жесус Гомес од Палмеирас, на позајмица до јуни 2024 година со опција за откуп на договорот.