Бостон со осма победа по ред и прво место на Истокот

54

Екипата на Бостон Селтик славеше против Њујорк Никс со 116:102 и тоа беше нивна осма победа по ред покажувајќи форма и енергија во клучниот дел од регуларната сезона во НБА лигата. Бостон до триумфот дојде благодарение на Џајлен Браун кој реализираше 30 поени, а следни по ефикасност беа Порзингис со 22 поени и Татум со 19.
Кај Њујорк Џален Брунсон реализираше 34 поени.
Орландо со тројка на Паоло Банкеро во последната секунда славеше над Детроит Пистонс со 112:109.
Минесота, која го држи врвот во Западната конференција, ги победи Бруклин Нетс со 101:86. МВП на мечот беше Карл-Антони Таунс со 28 поени.

ПретходноВо француската Лига 1 – фудбалер заврши во кома по дуел со противник
СледноЈунајтед поразен – Тен Хаг порачува: Покажавме карактер, одиме во добра насока