Канадскиот тинејџер Кристофер Моралес Вилијамс (19) го собори светскиот рекорд на 400 метри во сала, победувајќи на универзитетскиот натпревар во атлетика во Фајевил, Арканзас.
Вилијамс истрча време од 44,49 секунди, осум стотинки побрзо од Американецот Керон Клемент, кој го држеше светскиот рекорд од март 2005 година.
Студентот од Универзитетот во Џорџија истрча речиси една секунда побрзо од неговото претходно најдобро време.
Here’s the race no one can seem to find.
Christopher Morales Williams 🇨🇦 (@UGATrack) 400m WR of 44.49 at the SEC Champs!!!
🎥 @SECNetwork pic.twitter.com/FcsOCdZC6L
— Owen M (@_OwenM_) February 25, 2024