Австриецот Штефан Крафт е победник на неделното натпреварување од Светскиот куп во ски-летови на леталницата во Оберстдорф, откако во саботата на истото место славеше Словенецот Тими Зајц.
Крафт победи со скокови од 224 и 217 метри и собра 433,5 бода, што беше три повеќе од второпласираниот Словенец Петер Превц. Превц прелета на 223,5 и 224 метри. Превц беше втор и во вчера.
Зад водечкото дуо оваа недела беше Јапонецот Рјоју Кобајаши.
Во генералниот пласман Крафт ја зголеми предноста со 1546 бодови, додека Кобајаши е втор со 1277 бодови.