Четири бода од првите два меча на Вардар оваа пролет. Попладнево Горазд Михаилов дојде до деби победата како стратег на Вардар и тоа против Брегалница со 2:0.
По мечот стратегот на нашиот најтрофеен клуб за “СпортСпорт“ изјави:
“Екстремно важна победа извојувана против директниот ривал за опстанок. Секако дека уште ништо не е готово, но сметам дека сме добар пат. Задоволен и среќен сум од првата победа како тренер на Вардар. Секоја чест за играчите, одиграа како што се договоривме, бкагодарност до `Комитите` за поддршката, одиме натаму. Ова е голема победа на Вардар и потстрек за следните мечеви“ посочи Михаилов.