Тиквеш попладнево во Кавадарци успеа да го победи Работнички со 2:0. Големи три бода се освоени, на крајот по мечот радост на трибините на Градскиот стадион во Кавадарци, а среќен и радосен по мечот беше секако и Ѓорѓи Мојсов, стратегот на победничкиот тим кој за “СпортСпорт“ изјави.
„Несомнено екстремно важна победа против еден квалитетен тим кој што го води Гоце Седлоски, еден од нашите најдобри тренери. Одигравме токму онака како што требаше, како што се договоривме со играчите. Го дадовме својот максимум и кога е така тогаш исходот е победа. Секако дека сум среќен и задоволен, посебно ако се знае под каков притисок како тим бевме пред овој меч“ потенцираше Мојсов.