Денеска во Тбилиси во пријателски меч, прв од двата предвидени, нашата најдобра женска селекција беше поразена од Грузија со 3:0.
Ова беше уште една контрола за избраничките на Кирил Изов за она што допрва следува.
Грузија поведе со голот на Бебиа во 54.минута, додека на 2:0 домашните фудбалерки зголемија осум минути подоцна со голот на Чеминава, која во 83.минута стрелаше за 3:0.
Ништо ново кога станува збор за избраничките на селекторот Кирил Изов.
Инаку на овој меч Изов сметаше на следните единаесет репрезентативки: Ефтинџиоска, Коларовска, Комненова, Лимани, Максути, Панеска, Петкова, Петрушевска, Села, Цоклеска и Велкова.
Играа и Георгиевска, Павловска, Паневска, Панова, Мојсоска, Сулејмани, Цонева.