Јунајтед поразен – Тен Хаг порачува: Покажавме карактер, одиме во добра насока

207

Манчестер Јунајтед изгуби од Фулам и тоа на „Олд Трафорд“, а тренерот Ерик Тен Хаг изјави дека неговата екипа оди во добра насока и дека треба да се гледа пошироката слика која, според него, добро изгледа.
Морате да ја погледнете пошироката слика, а таа е многу добра. Бевме многу добри во последно време. Требаше да го добиеме овој меч затоа што тимот покажа одличен карактер. Бавно почнавме во двете полувремиња, а изглегувањето на Каземиро поради повреда ни ја отежни задачата“, изјави Тен Хаг.

Голот за победа на Фулам го постигна Алекс Ивоби во седмата минута од судиското продолжение на мечот.
Голот требаше да не го примиме. Им дозволивме да нѐ победат“, додаде Холанѓанецот.

Тоа беше осми пораз на Јунајтед на домашен терен сезонава во сите натпреварувања. Јунајтед ги немаше на располагање Хојлунд, Мартинез, Шо и Маунт кои се повредени.
Мораме да покриваме многу позиции. Кога ќе заздрават некои играчи тогаш ќе бидеме подобри. Мораме и да го засилиме тимот во преодниот рок. Многу добри играчи доаѓаат со голем потенцијал. А дефинитивно сме на прав пат. Кога ги имаме сите играчи на располагање, навистина имаме добар тим“, заврши Тен Хаг.

ПретходноБостон со осма победа по ред и прво место на Истокот
СледноРистовски пред дуелот со Брегалница: Вардар ги посакува трите бода, одиме на победа!