Џабе евро-голот на Леао, Аталанта извади реми на „Сан Сиро“ (ВИДЕО)

439

Фудбалерите на Милан и Аталанта ремизираа, 1:1, во дерби натпреварот од 26. коло на италијанската Серија А.

Рафаел Леао во негов стил уште во третата минута ги крена на нозе домашните навивачи, со еден фантастичен погодок, но Милан во продолжение не успеа да ја зголеми предноста.

Аталанта можеше да израмни само десет минути подоцна, но Емил Холм пропушти голема шанса.

Сепак, она што не го направи тој, го направи Копмајнерс од пенал во 42. минута.

Во вториот дел Милан беше подобар ривал, но „росонерите“ не успеаја да постигнат гол што ќе значеше освојување на сите три бода.

ПретходноПокетино: Не можеме да се мериме со Ливерпул, ние сме млад тим
СледноМодриќ му донесе нова победа на Реал (ВИДЕО)