Алармот е вклучен: Вардар е на минус шест бода зад Алкалоид, додека пет зад Пелистер!

4467

По третото коло во плеј-офот во Супер-лигата имаме повторно промени на табелата. Во центарот на вниманието е Вардар 1961, кој од стартот на главната битка за титулата забележа нов пораз, овој пат на гости кај Тиквеш 2014.

Вториот пораз во низа ги симна „црвено-црните“ на петтото место на табелата. Вардар има шест бода, и се наоѓа на шест бода зад лидерот Алкалоид, додека пак на пет зад вечниот ривал Пелистер кој има 11 бода.

Трет на табелата е ГРК Охрид со осум бода, додека Тиквеш се искачи на четвртата позиција и сега има седум бода и една победа повеќе од Вардар.

Оваа табела дефинитивно ќе има бројни промени, бидејќи се одиграа само три кола, по кои алармот мора да биде вклучен во редовите на најтрофејниот тим. Она што го покажа во Кавадарци е дефинитивно под нивото.

Во следното коло повторно имаме интересни средби, дербито се игра во Охрид каде Алкалоид е гостин на истоимениот тим, додека пак Бутел Скопје го пречекува Тиквеш. На останатите средби, Вардар ќе бара рехабилитација против Струга, додека пак Пелистер игра против Пролет на домашен терен.

ПретходноПолска без еден од најдобрите против Македонија!
СледноКожуф ќе бара нов тренер, Сенев поднел оставка