Пелистер во среда го игра последниот натпревар на домашен терен во Лигата на шампиони. Во салата „Боро Чурелвски“ гостува тимот на Алборг, а билетите веќе се пуштени во продажба.
Фановите имаат да одберат две варијанти, билети кои чинат 450 денари и билети кои се малку поскапи, односно чинат 550 денари.
Актуелниот македонски првак во кам-бекот во ова натпреварување не се прослави. Има 12 порази во низа, а желбата кај сите е една – победа против Алборг за убав финиш на домашен терен. Во последното коло од групната фаза, Пелистер е гостин на Колстад.