Готово е: Реал го договори трансферот со ѕвездата на Баерн Минхен, ама…

1061

Алфонсо Дејвис, веројатно најдобриот лев бек во светот, во блиска иднина ќе го носи дресот на Реал Мадрид. Канаѓанецот кој сега е член на Баерн Минхен и “кралевите“ веќе го договориле трансферот, барем така денеска известуваат светските медиуми, но сепак има едно ама или едно но.

Имено сеуште не се знае дали Дејвис ќе дојде во јуни на „Сантијаго Бернабеу“, заедно со Килијан Мбапе, или пак Флорентино Перез ќе мора да почека до следниот јуни во таа 2025 година.

Не е тајна дека Баерн за него ќе бара максимална отштета за да трансферот биде реализиран во јуни оваа година, во спротивно Дејвис во 2025 година, кога и му истекува договорот, ќе дојде во Мадрид како слободен играч.

Нема што, Флорентино Перез не запира.

ПретходноТРЕНЕР НА КОЛОТО: Младен Жижовиќ (Шкупи)
СледноТИМ И ИГРАЧ НА 20.КОЛО: Кехинде ја расплака Шкендија