Дел од магијата на Димитријевиќ: За него не постои невозможно (ВИДЕО)

870

После долго време, Македонија кончено доби лидер каков што сонуваше во Ненад Димитријевиќ. Македонскиот репрезентативец на двата квалификациски меча за пласман на Европското првенство 2025 беше „моторот“ во нашиот национален тим, едноставно е неуморен.

Нено низ годините прерасна во кошаркар кој ги има сите квалитети, а тоа го покажува и на теренот. Против Полска беше на чекор до трипл-дабл, запиша 32 поени, 8 скока и 8 асистенции. Тој го одигра речиси целиот меч, на теренот мина 39:25 минути. Со него и без него играта во нашиот национален тим дефинитивно е различна.

На „Твитер“ профилот на ФИБА Евробаскет стои видео со дел од неверојатните потези и поени на Нено.

ПретходноУжасни вести за “црно-белите“: Државата ќе му го одземе стадионот на Партизан?!
СледноБилетите за последниот домашен меч на Пелистер во ЛШ по цена од 450 и 550 денари