Лоша и добра вест од Сосновиец: Војдан се повреди, Македонија води по првото полувреме!

707

Добра игра на македонската кошаркарска репрезентација во првото полувреме. Нашите момци во Сосновиец против Полска водат со 38-47 во меч од второто квалификациско коло.

Лоша вест е повредата на Војдан Стојановски, кој излезе после првата минута. Капитенот одлучи да се жртвува и да помогне за овие средби, но сега не е познато дали станува збор за нешто посериозно.

Димитријевиќ има  19 поени, додека Хап запиша 10 поени по првото полувреме.

Полска отвори со 9-3, но нашиот тим брзо се врати, намали на 9-8, а по новиот краток пад и по 14-8, успеа да се издигне, со серија од 13-0 да поведе со 14-21. Период во кој домаќинот влезе во серија на промашувања, доста форсираше од линијата за три поени, а ние ги имавме распложените Хап, Дамјан и Димитријевиќ. Нено со шест поени во низа и Магдевски со два на стартот на втората четвртина донесоа двоцифрено водство 16-29 во 11 минута.

Полска одговори со два поени (20-29), а Јончевски повика тајм-аут го врати и Хап. Македонија водеше со 20-31, 27-39 и 30-41 благодарение на расположениот Маслинко. Ритамот не го променивме, добрата одбрана носеше одличен резултат. Димитријевиќ со 17. поен во зголеми на 32-45.  Полска успеа да намали на 38-45 во самиот финиш, со поените на Нено, Македонија на одморот замина со позитива од 38-47.

ПретходноКоментар на 20.коло: Фудбал за мераци во Струга, Вардар во еуфорија, Ѓорче се спрема за Втора лига….
СледноИ тоа го има во Премиерлигата: Играчи од ист тим се испотепаа меѓусебе! (ВИДЕО)