Македонските каратисти викендов ги завршија настапите на Балканското првенство за сениори во Подгорица, Црна Гора, со освоени седум бронзени медали.
Последни во листата на медалисти беа машкиот и женскиот кумите тим, кои на крајот дојдоа до бронзени одличја. Мажите загубија во полуфиналето од Србија, а во борбата за бронзениот медал славеа над Босна и Херцеговина.
Женскиот кумите тим во полуфиналето загуби од Босна и Херцеговина, а во борбата за бронзениот медал беше подобар од Србија.
Во поединечна конкуренција со бронзени медали се закитија Емил Павлов, Вахик Весели и Љупче Михајлов и Викторија Јовановска и Вероника Косотовска во женска конкуренција.