Филип Савовски со 7 поени за куп-трофеј во витрините на Војводина

112

Одбојкарите на Војводина го освоија трофејот во Купот на Србија, откако во финалето во Обреновац вчера го совладаа Млади Радник со 3:1 (25:22, 22:25, 25:22, 25:21).

За Војводина и за нашиот репрезентативен блокер Филип Савовски, ова беше втор трофеј оваа сезона, по освојувањето и на Суперкупот. Вкупно, за Војводина ова беше 16. куп-трофеј во клупската историја.

Нашиот Савовски кој се врати по повредата и во ова финале имаше одличен настап со 7 реализирани поени од кои и два поени од блок. Најефикасен кај Војводина беше Лука Станковиќ со 15 поени.

ПретходноНови играчки проблеми за Клоп, се повреди и Ендо
СледноКалин во пад за едно место, Лина остана на 235. место