Хап: Лесно е кога имаш играч како Нено, му ја даваш топката и тој знаеш што да направи!

1314

Македонската кошаркарска репрезентација се врати во игра во трката за пласман на ЕП 2025 година. По тешкиот пораз од Естонија на домашен терен, на гостувањето кај Полска славеше со убедливи 71-96.

По мечот новиот Американец, Итан Хап, имаше пофални зборови до Ненад Димитријевиќ, кој постигна 32 поени, 8 скока и 8 асистенции.

„Тренерот добро не подготви за овој натпревар, што ќе прават, особено кога ќе ја сменат зоната. Но, кога имаш играч како Нено, му ја даваш топката и знае што да прави, едноставно доминираше на теренот. За мене беше навистина импресивно да го гледам. Како што кажа секој играч кој беше на теренот беше заслужен за победата“, изјави Итан, кој застана на 19 поени и 7 скока.

ПретходноНадежта е вратена: Кошаркарите ја „згазија“ Полска (ФОТО)
СледноЈончевски: Знаевме со кого играме! Секоја чест за момците!