Миленикот на фановите на Вардар од денеска и официјално е нов тренер на Нексе, вицешампионот на Хрватска. Тој е наследникот на Бранко Тамше. Дали ова значи дека “Вујо мајсторе“ заедно со своите ракометари ќе го нападне тронот на Загреб, останува да се види.
Нема потреба да се трошат зборови за легендарниот Вујовиќ, еден од најдобрите ракометари и тренери на овие простори, интересно тој беше некогашен тренер на Загреб.
Во ракометна Македонија го водеше Вардар и беше селектор на нашата најдобра ракометна селекција.
Со неговото враќање во хрватскиот ракомет и тоа како ќе биде „жешко“ на мечевите со неприкосновениот Загреб.