Кожув реагира на судењето и најавува можно повлекување од ВМФЛ!

818

Во саботата во меч од 17.коло во ВМФЛ, Кожув дома беше поразен од Вардар (Н).

Сепак според раководството на гевгеличани тие сметаат дека биле драстично оштетени од судиите. Посебно за црвениот картон на Иванов уште во 30.минута.

Па така денеска Кожув испрати соопштение до медиумите во кое стои дека и претходно биле оштетени од судиите и дека ако ФФМ и Судиската организација не преземат нешто во врска со судењето тие имаат намера и да се повлечат од ВМФЛ.

 

ПретходноЛауреус: За спортист на годината номинирани Новак, Меси, Халанд, Верстапен…(ФОТО)
СледноТРЕНЕР НА КОЛОТО: Младен Жижовиќ (Шкупи)