Лоши вести за Македонија: Естонија не застанува, ја „тресна“ и Литванија!

878

Еден од директните конкурентите за пласман на ЕП 2025 година, селекција на Естонија направи нов чекор. По победата над Македонија среде Скопје, сега дојде до џиновски бодови, на домашен терен ја совлада Литванија со 65-59.

Во драматичен натпревар со промени на водството, кошаркарите на Естонија во последната четвртина успеаја да ја сочуваат посакуваната позитива и да се радуваат на втората победа. Сега како лидери ќе го завршат феверуарскиот квалификациски циклус, бидејќи за Литванија ова е прв пораз.

Јанаси Јесар со 18 поени и шест скока го предводеше својот тим на оваа средба, зад него беше Вене со 13 поени.

ПретходноИ тоа го има во Премиерлигата: Играчи од ист тим се испотепаа меѓусебе! (ВИДЕО)
СледноНадежта е вратена: Кошаркарите ја „згазија“ Полска (ФОТО)