Манчестер Јунајтед веќе почнал да работи на трансфер на дефанзивецот на Интер, Дензел Дамфрис. Според италијанскиот весник „Тутоспорт“, холандскиот репрезентативец нема да го продолжи договорот со „нероаѕурите“ и најверојатно ова лето ќе биде ставен на продажба.
Интер не е подготвен да го продолжи договорот со Дамфрис поради високите финансиски барања на играчот. Манчестер Јунајтед го стави Дамфрис како една од приоритетните трансфер цели за претстојното лето и за него е подготвен да плати околу 40 милиони евра.
Сепак, трансферната цена на Дамфрис може да се зголеми доколку фудбалерот се претстави добро на Евро 2024 како дел од репрезентацијата на Холандија.