На проблемите со повредени играчи во составот на Ливерпул им нема крај. Синоќа по освојувањето на Лига Купот на Англија, уште еден фудбалер на „црвените“ мечот го заврши на патерици.
Како што објавија англиските медиуми и Јапонецот Ватару Ендо заработил повреда на зглобот по еден удар на Мојсес Каиседо.
Играчот од средниот ред на Ливерпул го напуштил стадионот „Вембли“ со патерици и прашање е колкав период ќе треба да паузира.
Еквадорецот Каиседо претходно во текот на мечот го повреди и Рајан Гравенберх, по што играчот беше изнесен од теренот на носилки.