После подолго време, спортска Македонија уживаше во една од најдобрите игри на кошаркарската репрезентација која на гостувањето кај Полска славеше убедлив триумф од 71-96.
Нашите момци ја вратија надежта дека македонската кошаркарска репрезентација би можела повторно да игра на едно Европско првенство. Вечерва сите беа импресионирани од она што го покажаа момците на теренот. На социјалните мрежи има бројни честитки, а првата стигна од Ракометната федерација на Македонија.