Инвестицискиот фонд од Саудиска Арабија планира да инвестира 600 милиони евра во Евролигата.
Саудијците сакаат да купат 30 отсто удел во елитното клупско натпреварување за сума од 450 милиони евра, но и да бидат генерални спонзори во следните десет години со 15 милиони евра по сезона, што е уште 150 милиони евра во касата на лигата.
Во моментов турската национална авиокомпанија „Туркиш ерлајнс“ е спонзор на лигата со сума од седум милиони евра по сезона. Саудијците планираат да бидат многу подарежливи и двојно да го зголемат спонзорството.
Овој план е веќе детално разработен и претставници на Арапскиот фонд минатиот месец се сретнаа во Лондон со челниците на Евролигата.