Трет последователен „трипл-дабл“ за Јокиќ и нова победа за шампионот (ВИДЕО)

877

Шампионот Денвер славеше против Голден Стејт со 119:103, со уште една одлична партија на Никола Јокиќ, кој го забележа својот 123. трипл-дабл во лигашкиот дел од НБА. Јокиќ натпреварот го заврши со 32 поени, 16 скока и 16 асистенции, со што го доби третиот последователен трипл-дабл и 18-ти трипл-дабл од почетокот на оваа сезона. Џамал ​​Мареј со 27 поени и Арон Гордон со 17 поени беа одлични кај Нагетс.

Кај Вориорс најефикасен беше Клеј Томпсон со 23 поени.

Кошаркарите на Атланта ја прекинаа серијата од три порази бидејќи на свој паркет беа подобри од Орландо со 109:92. Атланта до победата ја предводеше Дежонте Мареј со 25 поени, 11 асистенции и девет скока.

Шарлот со 93:80 славеше против Портланд на домашен терен со одична игра на Ник Ричардс со 21, Мејлис Бриџис со 18 и Брендон Милер со 17 поени.

НБА РЕЗУЛТАТИ:

Вашингтон – Кливленд 105-114

Атланта – Орландо 109-92

Голден Стејт – Денвер 103-119

Хјустон – Оклахома 110-123

Њу Орлеанс – Чикаго 106-114

Јута – Сан Антонио 128-109

Портланд – Шарлот 80-93

ЛА Клиперс – Сакраменто 107-123

Филаделфија – Милвоки 98-119

Феникс – ЛА Лејкерс 123-113

Индијана – Далас 133-111

ПретходноКрафт најдобар на леталницата во Оберстдорф
СледноУниверзитет во Тетово ја мина Лирија на 4. место на табелата