Партизан некогаш беше некој и нешто и не само во Србија и на овие простори, туку и во Европа. Да се потсетиме дека токму Партизан за првпат од екс – СФРЈ играше во едно финале во ЛШ или Купот на Шампионите и тоа во 1966 кога на трагичен начин загуби од Реал Мадрид со 1:2 а водеше со 1:0.
Но тоа беа некои други времиња.
Сега некогашниот гигант од Белград се “дави“ во долгови, имено само на државата Србија и должи преку 20 милиони евра само на данок. А каде се другите долгови?
Токму заради тоа, како што известуваат медиумите од Србија, постои голема опасноста ако клубот во блиска иднина барем не плати дел од долгот тогаш државата да му го конфискува стадионот кој некогаш се викаше „ЈНА“ а сега “Партизан“.