Универзитет во Тетово ја мина Лирија на 4. место на табелата

121

Без изненадувања во 4. коло од плеј-оф зоната во домашното одбојкарско првенство. Лидерот и актуелен шампион Струмица славеше со максимален резултат на дуелот со Работнички, додека Универзитет во Тетово однесе победа од гостувањето кај Весна Пробиштип.

Одличен меч се одигра во Штип, каде домашниот тим по голема борба дојде до победа над Лирија со 3:2. Гостите имаа водство од 2:1 во сетови, но не успеаја да се изборат и за трет сет кој ќе значеше гостински триумф. Со овој пораз, Универзитет во Тетово ја мина Лирија на четвртото место на табелата.

Во плеј-аутот, Македонија Џио го изненади Вардар совладувајќи го со максимален резултат.

Прва лига (мажи), Втора фаза-1, 4-то коло

Струмица 47&71 – Работнички 71&22             3:0 (25:21, 25:19, 25:22)

Весна Пробиштип – Универзитет во Тетово   1:3 (25:21, 17:25, 16:25, 19:25)

Штип УГД – Лирија                                         3:2 (25:20, 29:31, 25:27, 25:18, 15:9)

ТАБЕЛА ПЛЕЈ-ОФ: 1. СТРУМИЦА (45); 2. Штип УДГ (35); 3. Работнички 71&22 (33); 4. Универзитет во Тетово (27); 5. Лирија (26); 6. Весна Пробиштип (21).

Прва лига (мажи), Втора фаза-2, 4-то коло

Македонија Џио – Вардар                              3:0 (25:17, 27:25, 25:14)

Јанта волеј – Шкендија                                   0:3 (17:25, 17:25, 15:25)

ГОК Борец – Сушево                                      3:1 (25:19, 25:19, 23:25, 25:18)

ТАБЕЛА ПЛЕЈ-АУТ: 1. Шкендија (27); 2. ГОК Борец (21); 3. Сушево (14); 4. Јанта Волеј (11); 5. Вардар (5); 6. Македонија Џио (5).

ПретходноТрет последователен „трипл-дабл“ за Јокиќ и нова победа за шампионот (ВИДЕО)
СледноНови играчки проблеми за Клоп, се повреди и Ендо