Одбојкарите на Војводина го освоија трофејот во Купот на Србија, откако во финалето во Обреновац вчера го совладаа Млади Радник со 3:1 (25:22, 22:25, 25:22, 25:21).
За Војводина и за нашиот репрезентативен блокер Филип Савовски, ова беше втор трофеј оваа сезона, по освојувањето и на Суперкупот. Вкупно, за Војводина ова беше 16. куп-трофеј во клупската историја.
Нашиот Савовски кој се врати по повредата и во ова финале имаше одличен настап со 7 реализирани поени од кои и два поени од блок. Најефикасен кај Војводина беше Лука Станковиќ со 15 поени.