Македонската кошаркарска репрезентација се врати во игра во трката за пласман на ЕП 2025 година. По тешкиот пораз од Естонија на домашен терен, на гостувањето кај Полска славеше со убедливи 71-96.
По мечот новиот Американец, Итан Хап, имаше пофални зборови до Ненад Димитријевиќ, кој постигна 32 поени, 8 скока и 8 асистенции.
„Тренерот добро не подготви за овој натпревар, што ќе прават, особено кога ќе ја сменат зоната. Но, кога имаш играч како Нено, му ја даваш топката и знае што да прави, едноставно доминираше на теренот. За мене беше навистина импресивно да го гледам. Како што кажа секој играч кој беше на теренот беше заслужен за победата“, изјави Итан, кој застана на 19 поени и 7 скока.