Џирона со три гола во мрежата на Столе и Рајо

150

Македонскиот репрезентативен голман, Столе Димитриевски и неговиот Рајо запишаа убедлив пораз на гостувањето кај Џирона. Во меч од 26-то коло во Ла Лига беа убедливо совладани со 3-0.

Домашниот тим поведе во 52-та минута со голот на Циганков. Последните два гола паднаа во продолжението, во 91-та минута Савио погоди за 2-0, додека четири минути подоцна истиот фудбалер ги постави конечните 3-0.

За Рајо ова беше 11 пораз оваа сезона, има 10 ремија и пет победи, се наоѓа на 14-то место на табелата. Додека пак Џирона е втора на шест бода зад Реал Мадрид, кој има 64 бодови.

ПретходноФановите на Ф1 нека се подготват: Првата трка во новата сезона е во сабота!
СледноФиорентина со голем пресврт до победа против Лацио