Дон Карло: Цел свет мисли дека Модриќ е готов, ама не е така!

378

Лука Модриќ уште еднаш покажа каков фудбалска мајстор е. И покрај годините, сепак тој вчера на мечот со Севиља му донесе победа на својот Реал Мадрид.

Голема победа во битката за титулата.

По мечот тренерот Карло Анчелоти имаше што да каже за Хрватот:

Цел свет мисли дека Модриќ е готов, ама не е така! Погледнете го само. Тој е скромен, не знам што би го советувал за во иднина. Не е вежно колку минути си на терен, поважно е како играш и што даваш за тие минути. Да, знам дека Лука е тажен, го разбирам, но неговата кариера не е завршена“ рече покрај другото Анчелоти кој оваа сезона не сметаше премногу на Хрватот.

ПретходноФФМ организираше две антидопинг работилници! (ФОТО)
СледноОфицијално: Премиерлигата му врати дел од одземените бодови на Евертон!