Второлигашот Кожуф бара ново тренерско решение, откако досегашниот предводник на тимот од Гевгелија, Трајче Сенев, поднесе оставка на тренерското место.
Кожув во саботата на мечот со Вардар Неготино беше поразен со 1:0 на домашен терен, по што падна на 8. место на табелата, далеку од позициите кои водат во трка за пласман во елитата.
По последниот пораз Сенев ги информирал челниците на Кожув дека си заминува.