Не издржа на повиците „Меси, Меси…“: Роналдо под истрага за непристојно однесување (ВИДЕО)

479

Кристијано Роналдо ќе биде предмет на истрага од страна на Саудиската професионална лига, откако вчера го постигна деветтиот последователен гол за Ал-Наср, но имаше и конфликт со навивачите.

Имено, по завршувањето на мечот со Ал Шабаб, Роналдо отиде да им честита на соиграчите, но беше видно изнервиран од скандирањата „Меси, Меси…“ кои се слушаа од трибините.

Прво демонстративно покажа на увото, а потоа направи непристоен гест. Токму тоа е причината што е покрената и дисциплинска постапка против него.

ПретходноСаудиска Арабија сака да инвестира 600 милиони евра во Евролигата?
СледноПолска без еден од најдобрите против Македонија!