Прифатена е жалбата на Евертон, па така сега “карамелите“ место -10 казнети се со -6 бодови, значи му се вратени на овој клуб дел од одземените бодови.
Ова значи дека тимот од Ливерпул на табелата во ПЛ ќе направи скок од 17. на 15. место со 25 бодови.
Да потсетиме дека Евертон од страна на ПЛ беше казнет со одземање на 10 бода за оваа сезона поради кршење на финансискиот фер-плеј.