Дали повторно ќе биде стариот? Тажно е тоа што Санчо го направи од себе (ВИДЕО)

837

Во одличен натпревар од 23. коло на германската Бундес лига, Дортмунд беше поразен на домашен терен по пресврт со 3:2 против Хофенхајм, што е нов удар за избраниците на Един Терзиќ.

Санчо, кој минатиот месец пристигна од Манчестер Јунајтед како големо засилување, се најде на особени критики по поразот од Дортмунд, но во неделата најдобро се виде колку е во форма.

Поради лошиот однос со Ерик тен Хаг, Санчо не беше ниту во играчкиот кадар на „Олд Трафорд“ и со враќањето во Дортмунд многумина веруваа дека ќе му покаже на холандскиот селектор колку греши за него.

Иако по пристигнувањето во Дортмунд веднаш доби првотимски статус во тимот на Един Терзиќ и се очекуваше да игра исто како и во првиот мандат во тој клуб, но по неколку натпревари неговиот престој во Германија беше целосно заборавен.

Санчо од првата минута играше и против Хофенхајм и на теренот ја мина 75. минута.

Англичанецот целосно потфрли и на овој меч, што најдобро го покажува она што кружи на социјалните мрежи. Станува збор за видео од неделниот натпревар на кој може да се види дека Санчо е тотално надвор од форма, а поради неговите очајни дриблинзи и потези, многумина дури се сомневаат дека тој може повторно да биде стариот.

На лицето на Санчо веќе нема насмевка како порано и секој дриблинг изгледа целосно аматерски, што навивачите на Дортмунд почнаа да го критикуваат.

ПретходноТодоровски во тимот на колото во Романија
СледноПавле Данилов им се врати на победите, нов формат на снукер првенството!