Интер почна постапка за откуп на договорот на Фратези

620

Иднината на Давиде Фратези е во Милано. Како што објавија италијанските медиуми денеска, играчот од средниот ред веќе и официјално е фудбалер на „нероаѕурите“, откако Интер ја активирал опцијата за откуп на неговиот договор од екипата на Сасуоло.

Фратези пристигна од Сасуоло минатото лето на позајмица, а миланскиот клуб веќе се обврза да го откупи неговиот договор. Фратези ќе потпише договор со Интер по завршувањето на сезоната, откако Интер ќе мора да ги уплати дополнителните 27 милиони евра во касата на Сасуоло, покрај веќе платените 6 милиони евра за позајмицата.

Претходно„Не е нормален“: Дончиќ од кош на кош и тоа во папучи! (ВИДЕО)
СледноДе Бруин не сака да игра во Саудиска Арабија: Ако си оди од Сити ќе оди во МЛС