Најдобрата македонска судијка Ива Пројковска со своите помошници Гоце Петрески и Куштрим Лика имаше уште една одлична арбитража на евро-сцената. Пројковска денеска беше главен судија на мечот меѓу младинците на Аз Алкмар и Порто во рамките на осминафиналето на младинската лига на УЕФА.
Мечот се одигра во Холандија, а во регуларниот дел заврши без победник (1:1). По подобро изведување на пенали Порто оди во следната фаза.