Алборг го претстави Пелистер: Заедно со Вардар се борат за титулата, но оваа сезона се вмеша и Алкалоид!

419

Алборг е следниот противник на Пелистер во Лигата на шампиони. Актуелниот македонски првак токму против данскиот тим го игра последниот меч на домашен терен од групната фаза, дуелот е закажан утре во 20:45 часот.

На својата официјална страница Алборг го претстави Пелистер на своите фанови, како промените во играчкиот состав кој ги направи од првата средба со нив, од заминувањата до новите свежи сили, како и доаѓањето на Бранислав Ангеловски на клупата на тимот.

Исто така на официјалната страница стои дека Пелистер на ЕП 2024 година имал десет играчи кои настапувале за своите земји.

Она што е доста интересно е делот за македонското првенство.

„Еурофарм Пелистер и Вардар Скопје вообичаено се борат за шампионската титула во Македонија, но оваа сезона се вмеша и стартниот Алкалоид. Алкалоид е клуб стар само две години – како Вардар со седиште во главниот град Скопје. Тоа е клуб во кој се собираат млади таленти, а на чело на тимот како тренер е никој друг туку легендата Кирил Лазаров“, се вели во текстот, во кој има дури датум за главните пресметки во плеј-офот.

Целата анализа можете да ја прочитате на следниот ЛИНК. 

 

ПретходноШкендија со реакција: Не сме задоволни од судењето на мечот со Гостивар!
СледноОфицијално: Работнички – Брегалница и Вардар – Работнички на Арената “Тодор Проески“!