Ангеловски пред дуелот со Алборг: Обврска ќе ни биде да ги израдуваме нашите навивачи

170

Македонскиот шампион Пелистер во среда пред своја публика ќе ги брка првите бодови во Лигата на шампионите. „Зелените“ од Битола во претпоследното 13.коло ќе го пречекаат данскиот вицешампион Алборг. Данците го добија првиот дуел со 38:23.
Тренерот на Пелистер, Бранко Ангеловски посакува неговиот тим да одигра квалитетно на последниот домашен меч од ЛШ.
Обврска на последниот домашен натпревар ќе ни биде да покажеме една добра игра и да ги израдуваме нашите навивачи. Противник ни е можеби еден од најдобрите тимови во нашата група. Алборг е екипа која доаѓа од еден европски и олимписки шампион со ѕвезди како Ландин и Хансен, како и со нови ѕвезди кои допрва доаѓаат. Мислам дека навистина ќе треба да уживаме на овој натпревар, да дадеме се од себе и да се поздравиме со добар резултат од ЛШ оваа година и со мисла дека за кратко време повторно ќе бидеме дел од елитата“, изјави Ангеловски.

ПретходноДани Алвес не е повеќе легенда на Барселона
СледноМартинез во трка по рекордите на Игуаин и Имобиле