Без Дабевска против Шпанија

222

Македонската женска сениорска ракометна репрезентација се подготвува за квалификациските мечеви против Шпанија за пласман на ЕП 2024. Селекторот Кристијан Грчевски нема да смета на една од поискусните ракометарки, Сања Дабевска.

Кружниот напаѓач се повреди на првиот тренинг. Повредата не е сериозна, но бара мирување. По направените детални лекарски прегледи констатирано е дека станува збор за истегнување на медијалниот колатерален лигамент.

Македонија првиот натпревар со Шпанија го игра во четврток во салата Борис Трајковски, влезот е слободен. Реваншот е закажан за 3-ти март.

И двете селекции во овие квалификации стартуваат со победи. Нашите ракометарки беа подобри од Азербејџан и Литванија.

ПретходноМартинез во трка по рекордите на Игуаин и Имобиле
СледноПројковска судеше уште еден евро-меч во младинската лига на УЕФА