Во Реал не доаѓа само Килијан, туку и неговиот брат

1265

 

Напаѓачот на ПСЖ, Килијан Мбапе од 1 јули 2024 година ќе стане играч на Реал Мадрид. Но тој нема да пристигне на „Бернабеу“ сам, туку заедно со него во Реал ќе се пресели и неговиот брат Етан Мбапе кој исто така игра за ПСЖ, пренесува „Ел Чирингито“.

„Реал и фамилијата Мбапе имаат договор според кој покрај Килијан во Реал Мадрид ќе се пресели и Етан. Фамилијата Мбапе и Килијан лично побарал од „Кралскиот клуб“ да го донесе и неговиот брат во клубот, а шпанскиот клуб се согласил на тоа“, вели новинарот Едуардо Инда.

Етан Мбапе му се приклучи на ПСЖ во 2017 година од нисколигашот Бонди, а дебитираше за првиот тим во 2023 година. Има 17 години е игра во средниот ред, за разлика од неговиот брат кој исто така во 2017 дојде во ПСЖ но од Монако.

ПретходноДве фудбалски легенди се сретнаа во Скопје!
СледноДани Алвес не е повеќе легенда на Барселона