Шпанскиот фудбалски клуб Барселона му го одзеде статусот легенда на бразилскиот фудбалер Дани Алвес откако тој беше осуден на четири и пол години затворска казна поради силување.
Со 43 титули во кариерата, поранешниот десен бек на Барса два пати го носеше дресот на каталонците, од 2008 до 2016 година и од 2021 до 2022 година. Тој освои се што можеше да се освои.
Тој се најде на списокот на 102 играчи кои во 125 годишната историја на Барселона се здобија со статусот легенда на клубот. Но сега неговото име е отстрането.