Неверојатна фудбалска вечер за англискиот шампион Манчестер Сити во осминафиналето на ФА Купот против екипата на Лутон. „Граѓаните“ го добија мечот со 2:6, но дуелот ќе остане во сеќавање по неверојатните перформанси на двајца фудбалери од четата на Пеп Гвардиола.
Магичниот Норвежанец Ерлинг Халанд по вторпат во последната година постигна 5 гола на еден натпревар. Вечерва тој за 40 минути во првиот дел успеа трипати да ја погоди гостинската мрежа, а уште два гола придодаде на почетокот на вториот дел, па потоа замина на клупата.
Дури четири од овие пет гола на Халанд беа заслуга и на неверојатниот Кевин Де Бруин. Тој му асистираше на Халанд за првит ечетири гола. Белгиецот во дресот на Сити сега има 10 асистенции на 10 натпревари во 2024 година. Од почетокот на годината има постигнато и два гола, откако претходните 5 месеци ги пропушти поради повреда.
Шестиот гол во победата на Сити го постигна Ковачиќ.