Уште еден популарен англиски клуб кој до неодамна го гледавме во Премиерлигата е на пат на тотален финансиски крах. Станува збор за Рединг, тим кој ги минува најтешките денови во последните децении.
Рединг последен пат играше во Премиер лигата во 2013 година, а потоа од Чемпионшип стигна до Лига 1 натпреварувањето, но и таму е прашање дали ќе остане, затоа што клубот веќе е на работ на бездната – испаѓање во Лига 2, четвртото по ранг англиско фудбалско натпреварување.
Финансискиот крах започна минатата година под водство на контроверзниот Кинез Даи Жонге. Тимот испадна во Лига 1, но ситуацијата не само што не се подобри, туку е уште полоша. Челниците на ЕФЛ (Англиска фудбалска лига) денеска по третпат сезонава на Рединг му одземаа бодови поради постојани финансиски проблеми.
Прво му беше одземен едн бод во август поради прекршување на правилата на ЕФЛ, а потоа три бода затоа што не уплати 125% од месечната плата до датумот кога се договорите со лигата. Потоа им беа одземени уште три бода.
Денеска добија ново одземање на бодови, овој пат за доцнење од повеќе од 80 дена со плаќање даноци.
Новото одземање на два бода го доведе тимот до прагот на зоната за испаѓање, а бидејќи финансиските проблеми од ден на ден се натрупуваат и нема излез, постојат шанси Рединг следната сезона да игра во Лига 2.
За ова време навивачите прават проблеми и протестираат против контроверзниот Кинез, кој никако да си замине.