Клоп: Како што изгледа, Алкантара ја заврши сезоната

182

Тиаго Алкантара најверојатно ја заврши сезоната. Ова за новинарите денеска го потврди и менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп.

„Не знам што Алкантара треба да направи од медицинска гледна точка. И не знам дали ќе може повторно да игра оваа сезона. Не можам да кажам ништо повеќе за него и неговата повреда, затоа што никој не може со сигурност да потврди ништо“, вели германскиот стратег.

Алкантара е надвор од терените долго време по серијата повреди во последните две сезони.

ПретходноФилип Деспотовски е нов тренер на Кожуф
СледноКинезите ги однесоа во пропаст: Рединг се поблиску до четвртата лига!