Капитенот на Интер, Лаутаро Мартинез постигна 22 гола во 23 натпревари во Серија А и има реални шанси да го достигне рекордот по број на голови во една сезона поставен од Чиро Имобиле и Гонзало Игуаин.
Лаутаро има 14 меча за да реализира 13 гола и со тоа да го достигне рекордот од 36 голови поставен од Игуаин во Наполи во 2015/16 и Имобиле во Лацио во 2019/20.
Од 22-те гола на Мартинез, два се од пенал.