Најдобриот стрелец на стартот на квалификациите е од Македонија – Ненад Димитријевиќ!

386

Македонската кошаркарска репрезентација запиша пораз и победа на стартот на квалификациите за пласман на ЕП 2025 година. Нашиот тим беше поразен од Естонија дома, а потоа на гостувањето во Полска славеше убедливо со 71-96.

Предводник на теренот во „црвено-жолтиот“ дрес беше Ненад Димитријевиќ. Македонскиот репрезентативен плејмејкер беше вистински лидер на теренот, на двете средби го презентираше сиот свој арсенал со кој располага, во Полска беше незадржлив, постигна 32 поени, 8 скока и 8 асистенции.

Токму по првите две квалификациски кола, Димитријевиќ е прв стрелец. Има 57 поени кои ги постигна за 35.1 минута на теренот. Нено има просек од 28.5 за два одиграни натпревари. Тој на оваа топ листа е пред Клемен Препелиќ, кој е на второто место, додека пак третата позиција му припаѓа на Торнике Шенгелија.


На групната статистика се најде Итан Хап, но по бројот на блокади. Новиот Американец во македонскиот дрес е најдобар блокер, има пет блокади, исто колку и Тригви Хлинасон од Исланд.

ПретходноФиорентина со голем пресврт до победа против Лацио
СледноДраматичен крај на дуелот меѓу Њујорк и Детроит (ВИДЕО)