Лука Дончиќ, по кој знае кој пат, покажа дека е неприкосновен талент на светската кошарка. Пред почетокот на тренингот на Далас, Лука „Меџик“ ноншалантно постигна кош од едниот на другиот крај на теренот и тоа облечен во тренерки и папучи.
Далас ја прекина серијата од седум победи со пораз од Индијана во саботата вечерта. 33-те поени на Дончиќ не беа доволни за победа.
And on the first try!!!!@luka7doncic // #MFFL pic.twitter.com/jzvBEvNG4I
— Dallas Mavericks (@dallasmavs) February 26, 2024