Официјално: Работнички – Брегалница и Вардар – Работнички на Арената “Тодор Проески“!

1416

Како што најавивме уште пред неколку дена, Работнички и Вардар по подолго време се враќаат на Арената “Тодор Проески“. Имено и официјално мечот од 21.коло, кој се игра во недела, меѓу Работнички и Брегалница се игра на нашиот најголем стадион.

За да потоа во среда во меч од 22.коло во ПМФЛ, Вардар како домаќин ќе го пречека Работнички во соседското дерби.

Работнички од септември нема играно на Арената, додека ова за Вардар ќе биде првпат како домаќин да игра на нашиот најголем стадион откако се врати во ПМФЛ.

ПретходноАлборг го претстави Пелистер: Заедно со Вардар се борат за титулата, но оваа сезона се вмеша и Алкалоид!
СледноКадетите од четвртиот шешир ќе ги чекаат противниците за ЕП 2024