Поранешниот македонски фудбалски репрезентативец Филип Деспотовски е нов тренер на второлигашот Кожуф.
Деспотовски доаѓа на кормилото на гевгеличани од екипата на Тетекс, каде беше тренер во сезоната 23/24. По поднесената оставка на тренерот Сенев, управниот одбор на ФК Кожуф ја прифати оставката на досегашниот тренер и беше одлучено кормилото да го превземе Деспотовски.
„На Сенев му се заблагодаруваме за досегашната соработка и му посакуваме многу успеси во иднина, а на Деспотовски му посакуваме добредојде во „црвено-белата“ фамилија и му посакуваме добри резултати и успех во преостанатиот дел од сезоната“, се вели во клупското соопштение.